Актуелно

УАПСЕНИ 7 ВОЗАЧИ: Се возело без возачка и под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода седум лица возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, пет лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: А.Р.(19) од Скопје, Е.С.(33) од с.Мојанци, скопско, А.Б.(21) од с.Матка, скопско, Н.В.(30) од с.Вражале, скопско, С.Г. (58) од Македонска Каменица, кој бил и под дејство на алкохол.

Со активна мерка за управување моторно возило управувал Д.К.(25) од Скопје. Додека, пак, под дејство на алкохол возел И.Т.(64) од с.Возарци, кавадаречко и предизвикал сообраќајна незгода. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons