МакедонијаНајново

Уапсени 11 демонстранти, од нив двајца малолетници 

11 лица од толпата протестирачи синоќа завршија во полициска станица, а двајца од нив се малолетни лица. 

-Двајца од 11-те приведени се малолетни. Секој оној кој удрил на полицаец или институција ќе биде најстрого санкциониран, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. 

За ситуацијата денеска се огласи и Драган Ковачки. 

-Имаме повеќе информации. Цела структура се занимава со овој дел. Формиран е цел штаб кој ја истражува групата. Вие најдобро знаете кои се тие што ги организираат протесите и што повикуваат на насилство. Не е тајна. Знаеме кои се организатори на протестите тоа е дел од истрагата и тука се работи и тие детали ќе бидат соопштени дополнително, нагласи министерот Спасовски. -Насилството пред Собранието е дело на полициските инсталации на СДСМ и Оливер Спасовски. Ова не е дело на народот, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, туку на полициските инсталации на власта кои со предизвикување на инциденти и ескалација, сакаат на брзина да им помине предавството. Ова впрочем, вчера и го најави Ковачевски кој јавно го соопшти вчерашното сценарио за насилство. Пионот Ковачевски треба да и одговори на македонската јавност дали позади уфрлените лица за насилство стојат Спасовски и Зечевиќ. Очигледно е дека не ги бива за работа, но затоа за местенки и саботажи се експерти, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Ковачки.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons