Уапсени шест лица, меѓу нив и жена – Возеле брзо и под дејство на алкохол
Полицијата уапси шест возачи во Битола, Македонски Брод, Кочани и Куманово за „безобѕирно управување со моторно возило“, петмина биле под дејство на алкохол, а еден возел повеќе од двојно од дозволеното
На 25.10.2025 во 03:42 часот на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода П.Д.(27) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило„опел ” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал П.Д., и при преземање мерки констатирано е дека го управува возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,16 промили алкохол во крвта.

На 24.10.2025 во 22:53 часот на ул.,,Маршал Тито“ во Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода С.В. од Македонски Брод. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило ,,рено“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, кое го управувал С.В. и констатирале дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,03 промили алкохол во крвта.
На 25.10.2025 во 02:00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Ј.(21) од с.Зрновци, кочанско. При контрола во сообраќајот, полициски службеници констатирале дека управувал патничко возило под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,53 промили алкохол во организмот.
На 24.10.2025 во 15:06 часот на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода 33-годишната Г.Ф. од Скопје затоа што при контрола со радар констатирано е дека управувала патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 98 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.
На 24.10.2025 во 22:38 часот на регионалниот пат Куманово- Свети Николе, кај црква Св.Мина, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.П.(27) од Куманово. При сообраќајна контрола полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и при преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,02 промили алкохол во крвта.
На 25.10.2025 во 01:43 часот на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.М.(40) од с.Злетово, пробиштипско. При контрола во сообраќајот, полициски службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со пробиштипски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,64 промили алкохол во организмот.
Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на настаните против нив ќе следуваат кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило”.



