Тројцата осомничени во случајот со убиената Вања се сами во посебни соби во Шутка, за да не се соочат со револтот на другите притвореници
Тројцата осомничени за случајот со киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска, кои завршија зад решетки и добија 48-часовен притвор се сместени секој сам и во посебни простории во Шутка, неофицијално пренесува „Фокус“.
Порталот повикувајќи се на нивни информации, штипјанецот Влатко Кешишов, велешанецот Велибор Манев и валешанецот Боре Видоевски се ставени секој посебно, за да не бидат мета на револтот на другите притвореници. Дел од нив се жалеле и на здравствени проблеми, но немале некои поголеми потешкотии.