Свет

Трамп ќе го прогласи англискиот јазик за службен во Америка

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе потпише указ со кој ќе го прогласи англискиот за службен во Соединетите Американски Држави, јавува Волстрит џурнал повикувајќи се на извор запознаен со прашањето.

САД никогаш немале службен јазик на сојузно ниво, но тоа прашање е проблематичен за некои држави.

Користењето на шпанскиот јазик во јавниот живот предизвикува контроверзи со години, вклучувајќи го Тексас, чиј сенатор побара во 2011 активист за права на мигрантите на судско рочиште да зборува на англиски, а не на мајчиниот шпански.

Тоа ја разгоре децениската расправа околу тоа колку е примерно во Tексас да се зборува шпански. Тексас некогаш бил дел од Мексико, а пред тоа на Шпанија. Прашањето е болно за голем број мексикански Тексашани кои се сеќаваат дека се казнувало за зборување шпански во училиштата во 1950-тите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons