Трамвај во Белград излета од шини и се заби во зграда (ВИДЕО)
Трамвај што утрово сообраќал во белградската населба Дорчол излетал од шините и удрил во зграда. Според податоците на Градското сообраќајно претпријатие, во несреќата се повредени 12 лица, меѓу нив и возачот на трамвајот.
Во излетувањето на трамвај од шините на улицата Душанова во Белград, главниот град на Србија, повредени се 12 возрасни лица и две деца, потврдено е за порталот на телевизијата Н1.
Од нив, 11 се пренесени во Ургентниот центар, а едно лице во Клиничко-болничкиот центар (КБЦ) Звездара. Меѓу повредените има и деца — две се пренесени во болницата во Тиршова, наведуваат од Итната помош.
Според досегашната дијагностика, како што е кажано за Н1, три лица се потешко повредени — добиле нагмечувања и скршеници.



