МакедонијаХроника

Трагедија: Почина работник, буково стебло паднало врз него

На 14.11.2023 во Полициската канцеларија Пехчево пријавено е дека околу 11.20 часот на место викано „Голем Требомир“, атар на Пехчево, врз С.Ц.(56) од Пехчево, вработен во Шумско стопанство Пехчево, за време на извршување на работни задачи, паднало буково стебло, информира МВР.

Од здобиените повреди тој починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Пехчево.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Берово.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons