Тон нафта се излеа кај кружниот тек во Кочани
Фото: Кочани ТВ
Еден тон нафта се излеа од цистерна во Кочани кај кружниот тек кај хотелот „Национал“, јавува Кочани ТВ.
Поради тоа сообраќајот во Кочани е во застој, откако претходно е издадена забрана кај влезот во Кочани.
Според информациите од терен причината е што од цистерна се излеало големо количество нафта.
-Тон нафта се излеа во Кочани. Нафтата истекла од камион, а сообраќајот е во застој. Информациите од теренот велат дека е истечено големо количество нафта од камион, приближно еден тон.
Врз местото каде што е истечена нафтата се посипуваат земја и песок. Екипите на КЈП „Водовод“, ТППЕ и ОВР – Кочани се на терен. Велат дека сообраќајот бргу ќе биде вратен во функција, се вели во информацијата од Кочани ТВ.



