Тмурен ден со пороен дожд, на планините снег
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, ќе биде времето денеска.
Пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата (над 20л/м2).
Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринските температури ќе се движат од 0 до 5 степени, а дневната ќе достигне до 8 степени.
Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд.



