Теодора Џехверовиќ со витаминска провокација: На тераса во секси долна облека, пејачката во разголени пози и парче сочна лубеница меѓу раширените нозе (ФОТО 18+)

Фолк пејачката Теодора Џехверовиќ важи за една од најсексапилните и најпровокативните од плејадата млади, згодни, расни убавици на естрадата. Особено бујна однапред и раскошна одзади, црвенокосата фолкерка неретко споделува провокативни фотографии и видеа.

Џехва се’ повеќе и почесто знае на своите фанови и следбеници на социјалните мрежи да им предизвика „адреналинско-хормонски“ стерес, иако овој пат нејзината најнова разголена секси фотосесија многумина „фрли во несвест“!

Расната пејачка се’ од себе дала новата серија разголени фотографии  да изгледа како некаква еротско – овошна пасторала, во која со витаминска провокација се обидела да ја возбуди целата нација, арно ама…

Најпрвин Џехва седната на терасата на една планинска куќа крај широките зелени ливади, во секси долна облека гордо ги истакнала своите бујни гради.

Гордо впивајќи ги првите сончеви зраци кои срамежливо ѕиркаат зад облаците, фолкерката позира во разголени пози со парче сочна лубеница меѓу раширените нозе.

И таман црвенокосата убавица решила онака провокативно да гризне парче од слатката лубеница,  времето и ги расипа уживањето, сликањето и забавата на секси дамата!

Имено, во тој момет небото се намурти, се стемни и облаците за час го донесоа дождот, што на цицлестата фолкерка и го расипа „гуштот“, па Теодора сакала – не сакала мораше да избега и да се скрие внатре во куќата!

Небото долго не беше чисто, а откако преврна и се разведри, пота веќе ништо не беше исто… Така, на сексапилната пејачка (не)времето и ја расипа еротската фотосесија, што ја фрли во депресија, па со емотикони на нездоволство, нерсположена се пожали на својот Инстаграм!

Она што остана од „витаминската провокација“ со лубениците, Џехва го сподели како секси фотографии со следбениците!

Фото: Инстаграм принтскрин/teodoradzehverovic

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons