МагазинНајново

Студено утро во Македонија, па „пролет” – УХМР најавува пресврт со времето

УХМР ги измери температурите во осум часот во градовите низ Македонија. Беорво со 0,3 степени утрово е најладното место во Македонија, по што следи Битола со 3 степени.

Од друга страна, најтопло е во Тополчани и Радовиш каде се измерени 10 степени.

Во Скопје УХМР измери 6 степени утринава.

Денеска нè очекува претежно сончево и топло време, со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а дневните температури ќе бидат во вистински пролетен дух.

Минималните температури ќе се движат од 0 до 10 степени, додека максималните ќе достигнат од 20 до 26 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе преовладува сончево време, со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6 степени, а дневната ќе достигне до 25 степени.

УХМР

Но, сончевиот период нема долго да потрае. Од утре попладне се очекува зголемување на облачноста и појава на дожд, а нестабилното време ќе продолжи и во наредните денови.

Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во четврток на повеќе места ќе има поројни и пообилни врнежи од дожд, проследени со повремени грмежи. До четврток, во котлините ќе има услови за појава на утринска магла и ниска облачност.

Во петок се очекува засилен северозападен ветер, кој ќе донесе дополнителна промена во временските услови.

Затоа, искористете го денешниот сончев ден за прошетка и уживање на отворено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons