Странски државјани фатени со дрога на ГП „Табановце“ 

На Граничниот премин „Табановце“ вчера во 12:30 часот полицијата приведе двајца странски државјани кај кои се пронајдени и одземени марихуана, епрувети со кафеава течност и други предмети.

На 21.05.2023 во 12.30 часот на Граничен премин „Табановце”, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Табановце ги лишиле од слобода Н.К.(65) од Република Грција и Х.Ф.М.(46) од Австрија, соопштија од МВР.

Со возилото управувал Н.К., а сопатнк бил Х.Ф.М. Лицата се предадени на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Куманово за понатамошна постапка.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons