Стравот од ширење на пожари поради високите температури е голем

Пожарите што го зафатија регионот веројатно нема да ја поштедат ниту нашата земја. Директорот на Центарот за управување со кризи вели дека според метеоролошките прогнози нè очекува суво и многу жешко лето, додека поради недостиг на пилоти, три противпожарни авиони не се достапни. Ова ја прави земјата да не е целосно подготвена за справување со пожарите.

Двајца од тројцата пилоти на Дирекцијата за заштита и спасување заминаа во пензија и се настојува да се постигне договор со нив, за нивно повторно ангажирање да се надмине моменталната состојба. Во моментов само 3 полициски хеликоптери се на готовност, а во одредени ситуации може да биде актицвиран и еден армиски хеликоптер.

Со зголемувањето на температурите, пожарите брзо се шират на многу места во регионот. Како и секоја година така и ова лето состојбата со пожарите е посериозна во Грција. Сепак, грчките власти се мобилизирани и имаат голем број пожарникари и опрема за гаснење./Алсат.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons