Свет

Стравична несреќа во Хрватска: aвион се урна во Медулин, има загинати

Авион се урнал утринава во Хрватска при што неофицијално загинале четири луѓе, а двајца други сè уште се бараат, објави „Јутарњи лист“.

Според достапните информации, полицијата добила пријава дека паднал мал авион во близина на градот Медулин во областа Кампанож околу 11:20 часот, по што на терен биле испратени службите за итни интервенции.

„Во моментов сите служби се на терен, од службата за итна медицинска помош и пожарникарите до полицијата, и преземаат мерки и дејствија во рамките на своите надлежности“, изјави портпаролот на полицијата Ален Пачиќ, потврдувајќи дека во несреќата има неколку загинати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons