Актуелно

ССМ го повика јавниот сектор на штрајк 

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повикува и поведува на штрајк на 22 јуни со цел заштита на економските и социјалните права на своите членови и на вработените во јавен сектор од работниот однос. Како што соопштија од ССМ, рокот за исполнувања на нивните барања е до 21 јуни оваа година.

Од ССМ објаснуваат дека штрајкот се организира за заштита на економските и социјалните права и остварување на следните барања од работен однос – склучување општ колективен договор за јавен сектор со утврдено зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2 806 денари во нето-износ, согласно зголемувањето на минималната плата објавена во службен весник од 24 февруари 2022 година и утврдено право на регрес за годишен одмор во висина од 30 до 100 проценти од основицата.Одлуката за повикување и поведување штрајк заедно со писмена најава за штрајк е доставена до Владата, Собранието и градоначалниците во насока на писмено најавување на штрајкот согласно Законот за работните односи.

Според одлуката, во штрајк стапуваат вработените во јавниот сектор на 22 јуни, а ќе штрајкуваат на своите работни места. Не се исклучува можноста штрајкот да се одвива и преку изразување на разни форми на работничкото незадоволство и синдикален притисок.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons