Со два биса и овации Македонисимо на Симон Трпчески имаше светска премиера во Виена
Вчера во Виена Симон Трпчевски имше светска премиера на „Македонисмо“. „Музика која ги отвора ушите и срцата”, вака беше најавен синоќешиот концерт и настан кој многу значи за македонската музичка уметност.
Светската премиера на оркестарската верзија на музичкиот проект „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите, се одржа во најпрестижната светска концертна сала „Музикферајн“ во Виена, заедно со австрискиот Тонкунстлер оркестар и диригентот Јутака Садо од Јапонија. Воодушевената публика го препозна убавото па ги поздрави со стоечки овации и измами дури две изведби на бис.
„Се случи нешто што засекогаш ќе остане во аналите на историјата на македонската интерпретативна уметност. Возбудата е дотолку поголема што добивме уште една димензија на проектот „Македоснимо“ што Панде Шахов овој пат го обои во најразлични оркестарски бои за поинаква звучна слика. Со желба изведбата да донесе уживање и за самиот оркестар, тој ја направи оркестрацијата многу внимателно. Во секој случај, незаборавно е чувството кога грмна тапанот и низ „Музикферајн” се разлеаа корените на македонската нација”, рече Симон во изјава за МРТВ.
„По дводневни проби, забележав дека со помош на прекрасните музичари од Квинтетот „Македонсимо“ сега не се чувствувам како да следам ритам, матрица, туку како да создавам една многу слободна музика. И среќна. Кога завршува секој од ставовите, оваа музика не’ прави насмеани, среќни. Има преголемо уживање во оваа музика што го слави животот на многу креативен начин”, изјави маестро Садо.
На 3 март е реприза на големата сцена во Фестивалската сала на австриски Санкт Полтен.