МагазинНајново

Сончево и топло време со температури до 38 степени

Според УХМР, под влијание на топол бран во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време. Највисоки температури се очекуваат во првата декада од август, кога во одделни делови од земјата дневната температура локално ќе достигне и до 40 степени.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 31 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 18 степени, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Според УХМР, под влијание на топол бран во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време. Највисоки температури се очекуваат во првата декада од август, кога во одделни делови од земјата дневната температура локално ќе достигне и до 40 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons