Сончево и топло време со температури до 32 степени, попладне е можен дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и пријатно топло во поголемиот дел од земјата. Во текот на денот, особено во планинските региони, ќе има услови за појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурите ќе бидат во пораст. Утринските температури ќе се движат од 10 до 17 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 24 и 32 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе изнесува околу 12 степени, а максималната ќе достигне до 31 степен Целзиусов.



