Сончево и облачно време, кон крајот на неделата ќе почнат нови дождови
Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе биде поизразен долж Повардарието и во источните делови од земјава, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен северен ветер.
Температурите низ земјата ќе се движат од -1 до 22 степени.
Според најавите на УХМР, во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Во четврток и петок се очекуваат врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат поројни и пообилни.
По сончевото време што се очекува денеска, во текот на новата седмица следува промена на временските услови, со повеќе облачност и дожд кон нејзиниот крај.



