СОМНЕЖ ЗА УБИСТВО ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: 62-годишен маж пронајден мртов со траги од насилство во својот дом
Во домот во населбата Хром во Ѓорче Петров, вчера полицијата го нашла починат С.Ј. (62). Настанот бил по пријава од граѓанин, во 18:40 часот во СВР Скопје.
Најверојатно се работи за убиство, затоа што од МВР велат дека лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со траги на насилство.
„Извршен бил увид и по наредба на наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.



