Синер убедливо го победи Ѓоковиќ и ќе игра финале против Алкараз
Јаник Синер за помалку од два часа со 3-0 во сетови го победи Новак Ѓоковиќ во второто полуфинале на Вимблдон, за пехарот ќе се бори против Карлос Алкараз.
Изгледаше како Ѓоковиќ да има проблеми, падот во минатото коло на мечот против Коболи не беше наивен, па српскиот тенисер денеска тешко се движеше, не беше во беспрекорна ситуација, а тоа влијаеше на резултатот.
Синер првиот сет го доби со 6-3, со два освени брејка, во вториот исто така беше подобар со 6-3, но со еден брејк.
Ѓоковиќ имаше одличен старт на третиот сет, поведе со 3-0, и кога се чинеше дека е во одлична позиција за да го освои сетот, следуваа пет последователни гема на Синер кој поведе со 5-3. На крајот го доби сетот со 6-4 и ја завери победата од 3-0.
Во финалето Синер ќе игра против Карлос Алкараз кој претходно со 3-1 во сетови го совлада Тејлор Фриц.
Фото: EPA