„Се жалел дека е уморен, спиел во моментот на несреќата“: Згасна животот на двајца млади музичари (ФОТО)

Музичарите од гратчетo Владичин Хан, Далибор Милошевиќ (34) и Станислав Антиќ (21) загинаа, додека тројца нивни пријатели се повредени во сообраќајна несреќа што се случи утринава околу 4 часот и 40 минути на автопатот Белград-Ниш кај излезот Алексиначке Руднике.

Пет лица, музичари, се враќале од концерт во Војводина, а од засега непознати причини на дел од патот каде поради работи сообраќајот се одвива по една коловозна лента, преминале на спротивната страна од патот и директно се судриле со камион со грчки таблички, кој им доаѓал во пресрет.

Музичарот Милан Миќа Петровиќ, пријател на загинатите, вели дека веста за трагедијата го растажила целиот Владичин Хан.

– Многу добро се познаваме, се занимаваме со музика.. Пораснав со Далибор, научивме да свириме заедно, неколку пати бевме во ист оркестар, со Бојан Ристиќ, Бојан Крстиќ, Стојан Крстиќ… Свиреше бас, беше многу добар, кога го основав мојот оркестар, повремено го ангажирав. Срцето ми се кине, не можам да ги запрам солзите откако слушнав што им се случило – вели Петровиќ, пишува Телеграф.

– Свиреа на свадби и околу два часот по полноќ тргнале дома. Слушнав дека се двоумеле дали да одат или не, бидејќи биле уморни, па сепак решиле да одат. Непосредно пред несреќата застанале во мотел, каде што пиеле кафе. Далибор, кој возел до тоа место, се пожалил дека е уморен, дека му се спие, па на возачкото место го заменил Станислав. Очигледно, Далибор спиел во моментот на несреќата. Страшно е тоа што им се случи, јас бев со семејствата, страшно е таму, лелеци, тага, срцето ми се кине. Далибор има два возрасни сина од вонбрачна заедница и уште две ќерки со друга жена која е бремена. Станислав се ожени пред неколку години, нема деца. Нивната смрт многу не погоди, тие беа добри луѓе, отидоа да заработат за своите семејства и загинаа – рекол вознемирениот маж.

📸

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons