Се вклучи алармот во САД: Руски генерали имале состанок за употреба на нуклеарно оружје
Руски генерали неодамна разговарале кога и како може Москва да употреби нуклеарно оружје во Украина, пишува „Њујорк Тајмс“.
Рускиот претседател Владимир Путин не учествувал во разговорите, но причина за ова е неуспехот на бојното поле во Украина, тврдат американски официјални лица.
Овие шпекулации го вклучија алармот во САД, но американските власти засега немаат пронајдено докази дека Русите распоредиле нуклеарно оружје.