Спорт

Сеск Фабрегас ќе игра во италијанската Серија Б

Сеск Фабрегас (35) кариерата ќе ја продолжи во редовите на италијанскиот второлигаш Комо.

Поранешниот шпански репрезентативец пристигна на стадионот „Џузепе Синигалија“ како слободен играч, потпишувајќи двегодишен договор.

Во последните три сезони беше член на Монако, а во кариерата играше и за Арсенал, Барселона и Челси.

Во дресот на Шпанија забележа 110 настапи и постигна 15 голови, освојувајќи ги Светското првенство во 2010 година и европските шампионати во 2008 и 2012 година.

– Чекањето е (скоро) завршено – објави Комо на својот официјален Твитер профил.

https://twitter.com/Como_1907/status/1554069329364271104?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1554069329364271104%7Ctwgr%5E9a5b4dc244bb992b2d1ffaa595ed81ca2b64f0aa%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsport%2Ffudbal%2Fvideo-sesk-fabregas-kje-igra-vo-italijanskata-serija-b%2F

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons