Сервисираниот ер трактор повторно во функција по оштетувањата од невремето
Сервисот на третиот ер трактор, кој беше оштетен за време на неодамнешното невреме во Скопје, денес е успешно завршен и леталото е повторно ставено во функција.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека по извршените зафати бил реализиран и пробен лет, при што е потврдено дека авионот е целосно исправен и подготвен за употреба.
Со тоа, ер тракторот се враќа во оперативна употреба и ќе биде ангажиран во активностите за гаснење пожари и интервенции на терен низ државата.



