МакедонијаНајново

Седум пациенти со западнонилска треска се лекуваат на Инфективната клиника, еден е во тешка состојба

Седум лица кај кои е потврдена западнонилска треска се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Здравствената состојба кај еден од нив, 76-годишен скопјанец, кој е сместен на одделот за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести, сè уште е сериозна и е на респираторна поддршка, изјави директорот на Клиниката, Фадил Цана.

Тој посочи дека лицето кое е во сериозна здравствена состојба веќе една недела е на Клиниката и не патувало надвор од државата. Другите шест лица, кои се хоспитализирани, појасни д-р Цана, се на возраст над 60 години, се во стабилна здравствена состојба и само едно лице од нив претходно патувало во Грција.

„Кај сите хоспитализирани има вирусно воспаление на мозокот и мозочните обвивки. Симптомите се висока температура, силна главоболка, дезориентираност, нарушена свест“, додаде д-р Цана за МИА.

Хоспитализираните заразата ја добиле од инфициран комарец, периодот на инкубација вообичаено трае од три до 14 дена по каснувањето, а повеќето поминуваат и без да знаат за присуството на вирусот. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons