Роналдињо го советува Халанд: И мене Манчестер јунајтед ми нудеше повеќе пари, но ја одбрав Барселона 

Легендата на Бразил и поранешен играч на Барселона, Роналдињо го советува Ерлинг Халанд да си го исполни сонот наместо да брка пари кога ќе го избира следниот клуб.

Ерлинг Халанд до крајот на месецот ќе одлучи за својата иднина, се говори дека најблиску до неговиот потпис е Манчестер Сити, кој му нуди фантастична плата од 30 милиони евра по сезона.

Реал Мадрид исто така е во трката, како и Барселона, но „каталонците“ имаат најмали шанси со оглед на тоа дека се во тешка финансиска криза и имаат ограничени средства за ангажман на нови играчи.

Поранешниот играч на „каталонците“, Роналдињо даде свое видување на работите и му порача на Норвежанецот да си го исполни сонот наместо да брка пари.

„Во 2003, имав можност да одам во Манчестер јунајтед, нивната понуда беше најдобра кога се во прашање парите. Но јас ја одбрав Барселона бидејќи од дете сонував за настап во овој клуб. Халанд треба да си го исполни сонот наместо да ги брка парите“ – вели легендата на Бразил.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons