Актуелно

РЕГУЛАТОРНА ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА, по полноќ ќе се точи поевтин бензин и дизел 

Регулаторната комисија за енергетика со последната одлука ги намалува цените на нафтените деривати за 1,67 отсто. 

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 2,00 денари за литар.

Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 денар за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,065 денари за килограм. 

Максималните цени на  нафтените деривати по полноќ ќе изнесуваат:

Моторен бензин  Еуросупер  БС – 95       82,00 (денари/литар)

Моторен бензин    Еуросупер  БС – 98      84,00  (денари/литар)

Дизел гориво  Еуродизел БС (Д-Е V)         78,50 (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)   77,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС      41,411 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на7.2.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons