Пронајдено безживотно тело на жена во Зрновци, се шири грозоморна приказна за нејзината смрт
Откако во Кочани се прошири информација дека, во селото Зрновци, е пронајдено мртво тело на жена, која претходно наводно била силувана, па убиена, од Обвинителството информираат дека е пронајдено тело на почината жена, но за сите останати лифтерувани информации велат дека засега се шпекулација.
-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена. До овој момент починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта се уште не се утврдени, велат од Обвинителството.



