Продолжува палењето трска
Не запира палењето на трската на брегот на Охридското Езеро.
Екологистите предупредуваат дека секоја година пред почетокот на градежната сезона се случува истото, се расчистува терен каде што подоцна никнуваат плажи и хотелски комплекси. Природните вредности на езерото и крајбрежјето се под притисок, појасот трски се соочува со сечење, палење, копање, бетонирање и уништување.
Со нелегалните активности се загрозува богатата флора и фауна со која располага крајбрежната зона.
Пред само неколку дена огромна пoвршина сo трска изгоре кај населбата Црногорци, oд охридската противпожарна единица посочија дека секоја година во овој период, пожарот се подметнува, извршителот не е фатен, штетата е голема по ендемичните видови што живеат таму, а во опасност се доведени и околните објекти.
Палењето на трската се случува во период кога Охрид и Струга се наоѓаат под засилен мониторинг на УНЕСКО поради недоволна грижа и прекумерна урбанизација на крајбрежјето.