При тепачка пред казино убиено едно лице во Кавадарци
Едно лице, родено 1982 година, е убиено при тепачка пред казино во Кавадарци. Оваа информација за МИА ја потврди доктор Антоан Паракеов, раководител на Службата за итна медицинска помош.
– Точно е, имаше убиство при тепачка, утринава околу пет часот, пред казино. Станува збор за смртоносни повреди на глава. Наша екипа доби повик и веднаш беше на лице место, но, констатира дека лицето беше починато, без знаци на живот – појасни докторот.
Повеќе детали за овој настан се очекуваат во текот на денот, кога со детали ќе излезе Министерството за внатрешни работи.