Актуелно

Пристигна вториот контигент на американските нови оклопни возила за македонската армија 

Армијата на Република Северна Македонија по подолго време за потребите на воените сили конечно го доби вториот контигент од лесните оклопни возила ЈЛТВ од американско потекло.

Како што на прес конференција денес кратко изјави  министерката за одбрана Славјанка Петровскаодговарајќи на новинарско прашање, напристаништето во Солун, Република Грција, пристигната е втората испорака од лесни оклопни возила во рамките на проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“.

Станува збор за нови 27 ЈЛТВ лесни оклопни возила од американско потекло. Досега македонската армија набави 6 вакви возила каде со овие 27, македонската војска ќе располага со 33 нови софистицирани оклопни возила кои одговараат на сите модерни НАТО стандарди на кои треба да се модифицира армијата. Ова е втора ваква испорака а првата испорака стигна минатата година во Јули, каде што тогаш Петровска ја објави оваа информација.

Проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“ е започнат во 2019 година со склучување на Договори помеѓу Владите на Република Северна Македонија и САД, а во периодот што следи се очекува набавка на друга современа воена техника за опременување на армијата.

Инаку ЈЛТВ е едно од најсовремените оклопни возила во својата класа и Македонија има нарачано вкупно 45 возила ЈЛТВ-а.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons