МакедонијаНајново

По деветдневна блокада, Илинденска од денеска целосно проодна за возила

Скопје се нормализира, булеварите од утрово непречено се раздвижија, откако приватните превозници го одблокираа градот и една од главните артерии, булеварот „Илинден“.

По неколку дена блокади „Илинденска“ им се врати на скопјани, главниот град по гужвите изминатиот период конечно може да здивне.

А, ваквата одлука ја поздравија и од Владата чиј апел за деблокада беше слушнат од страна на превозниците. Од таму најавуваат дека во наредните неколку дена следува средба и обид за изнаоѓање на решение на нивната состојба.

-Во наредниот период ќе се разгледуваат сите аспекти на ситуацијата со која се соочуваат приватните превозници и Градот, а следниот чекор е првичен, иницијален состанок на кој отворено би се разговарало за можните решенија.-Влада .

Најавената средба со нетрпение ја очекуваат приватнити превозници, како псоледна надеж да се реши проблемот..

Сакавме да покажеме добра волја и да ги послушаме сугестиите на премиерот кој што кажа дека, доколку се релаксираа атмосферата може да отпочне дијалогот. Добар почеток, конечно да не сослуша некој компетентен и да ја видат реалната ситуација и да се заземат за што поскоро решавање на овој проблем, тоа е она на кое цело време инсистираме, треба да се седне на маса, да се соочат аргументите.

Јавниот превоз беше една од главните теми и во градскиот совет каде продолжија препукувањата и обвинувањата, околу состојбата со долгот и ревизијата во ЈСП.

Советниците на крајот од расправата по оваа точка изгласаа дека во рок од една недела Град Скопје и ЈСП ќе мораат да достават извештај за моменталната состојба со јавниот превоз и реаланата состојба на долгот кон приватниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons