Почувствуван земјотрес во Скопје
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.3 е регистиран рано изутрината во 03 часот и 26 минути. Епицентарот бил на 20 километри северо-западно од Скопје, во Косово, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот е почувствуван од населението во околината на градот Скопје, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.