Почна жетвата на оризот, производителите незадоволни од откупната цена
Комбајните влегоа во нивите, почна жетвата на оризот.
Но, оризопроизводителите разочарани и револтирани и годинава нема да имаат ќар.
Откупната цена е од 22 до 25 денари и е пониска за два денари од производствената цена.
Според пресметките на оризопроизводителите трошоците за жетва се зголемени од 30 до 40 % во споредба со лани. Првите ожнеани ниви дадоа просечна реколта.
Кочанските оризопроизводители ги активираат протестите, на 11 октомври повторно ќе излезат со својата механизација на четири локации.