Актуелно

Поранешен градоначалник на Свети Николе осомничен дека лично издал неважечко одобрение за градба

Поранешниот градоначалник на Свети Николе од редовите на СДСМ, Сашо Велковски, е опфатен со кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување“, информира МВР.

Според полициското соопштение, кривичната пријава ја поднела Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе, а случајот се однесува на постапување од 2021 година, кога Велковски бил градоначалник на општината.

Од МВР наведуваат дека пријавениот, пречекорувајќи ги границите на своите службени овластувања, постапил спротивно на Законот за градење и на правилникот за издавање одобренија за градење.

Според полицијата, тој лично изготвил, потпишал и издал одобрение за градење, кое не било евидентирано во електронскиот систем на надлежниот сектор за урбанизам при Општина Свети Николе.

Клучниот проблем, според МВР, е што таквото одобрение било правно неважечко, но сепак било искористено од изведувач од Скопје, кој изградил објект во вредност од околу 15,49 милиони денари. За тој износ, како што наведува полицијата, била причинета штета на нарачателот.

Дополнително, МВР соопшти дека објектот не е впишан во Агенцијата за катастар на недвижности во Свети Николе, бидејќи се третира како бесправно изграден објект.

Целосното соопштение на МВР:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.В.(55) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот, во својство на градоначалник на општина Свети Николе, во текот на 2021 година, пречекорувајќи ги границите на своите службени надлежности, постапил спротивно на одредбите од Законот за градење и Правилникот за начинот на издавање на одобренија за градење на тој начин што лично изготвил, потпишал и издал одобрение за градење, кое не било евидентирано во електронскиот систем на Сектор за урбанизам, заштита на животната средина, комунални работи и отуѓување на градежно земјиште при општина Свети Николе.

Ваквото одобрение, кое е правно неважечко, било искористено од изведувач од Скопје, кој изградил објект во вредност од 15.488.118 денари, за кој износ со наведеното дејствие е причинета штета на нарачателот. Дополнително, наведениот објект не е впишан во Агенцијата на катастар на недвижности Свети Николе, бидејќи претставува бесправно изграден објект.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons