Поништени гласови на шест земји на Евровизија 

На официјалната страница на Евровизија вчера се огласија од ЕБУ со соопштение, во кое се појаснува зошто се поништени гласовите на шест земји – Црна Гора, Грузија, Азербејџан, Полска, Романија и Сан Марино, во второто полуфинале.

Жирито од овие земји ги ставило истите тие земји на врвот на листата, со исклучок на својата земја, бидејќи не можат да гласаат за свој претставник, додека повеќето членови на комисиите на други држави истите ги рангирале под осмото место.

Според ЕБУ, обрасците на гласање не биле во согласност со правилата, односно шесте земји се договориле меѓусебно да си разменат гласови.

Поради тоа, гласовите од жиријата на Црна Гора, Грузија, Азербејџан, Полска, Романија и Сан Марино не се користени ниту во финалето,за да се сочува интегритетот во системот за гласање на Евровизија.
Одлуката била одобрена од претседателот на референтната група на „Песна на Евровизија“ и од заменикот генерален директор на ЕБУ, во согласност со правилата за гласање на овој избор.

ЕБУ разговарал со емитерите чии гласови на жирито се поништени и им се дала можност дополнително да го истражат гласањето на жиријата во овие држави.

Финалето на Евровизија 2022 се одржа на 14-ти мај во Торино. Македонија со претставничката Андреа која настапи во второто полуфинале, не се пласираше во финале.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons