Полицијата уапси маж кој со туѓ пасош сакал да помине граница
На граничниот премин Табановце маж сакал да помине со туѓ пасош, по што е уапсен.
На овој премин вчера во 02.30 часот е уапсен К.Ф.(29), кој при пасошка контрола приложил туѓа албанска патна исправа на име Д.М.(25).
Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Куманово за понатамошна постапка. И во минатото во билтените на полицијата имало слични случаеви.