Познато е кога Охрид ќе се бори за европски трофеј
Европската ракометна федерација – ЕХФ ги одреди термините за финалниот двомеч во Европскиот куп во кое ќе игра Охрид.
Охрид ќе ја предизвика Татабања во борбата за трофејот.
Според ждрепката, „гладијаторите“ прво ќе гостуваат во Унгарија. Првиот натпревар е закажан за 24 мај во терминот од 17:00 часот во Татабања. Реваншот се игра во Охрид, а одреден е вечерен термин за тој натпревар. Охрид ќе ја дочека Татабања на 31 мај во 20:00 часот и одново се очекува да бидат полни трибините во салата „Билјанини извори“.
Трофејот од ланската сезона е во витрините на Алкалоид, па Охрид сака да го повтори успехот на скопскиот клуб.



