Позната јачината на ветрот што вчера „беснееше“ низ Скопје – еве колку изнесувал ураганот!
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираа дека на Автоматската метеоролошка станица во Штип, вчера во 17:00 часот, бил регистриран оркан со максимален удар на ветер од 134 km/h со правец запад-северозапад (WNW).
Во Скопската котлина, пак, на Автоматската метеоролошка станица Скопје, вчера во 16:10 часот бил регистриран оркан со максимален удар од 130 km/h со правец север-северозапад (NNW).
Ветер со истата јачина од 130 km/h бил регистриран и на Автоматската метеоролошка станица Ново Село во Струмица, во 17:50 часот, со правец северозапад (NW).
„Оркан/ураган според класификацијата за јачина на ветер, претставува ветер чија брзина надминува 118km/h. Тоа е екстремно силен ветер кој на оваа територија се случува многу ретко и предизвикува силни разорувања и значајни штети во пошироки размери“, посочија од УХМР.



