Поднесени вкупно 204 амандмани за ребалансот на буџетот 

За ребалансот на буџетот за кој расправата во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет почнува денеска, поднесени се вкупно 204 амандмани. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднела 174 амандмани, Алијанса за Албанците 28, додека владејачката СДСМ доставила два амандмани.

Амандман најави и Сојузот на синдикати на Македонија со кој бара во ребалансот на Буџетот да бидат обезбедени пари за зголемување на платите во јавниот сектор за 2.806 денари во нето износ. Амандман со ваква содржина предложи и ВМРО-ДПМНЕ.

-На барање на КСС поднесовме и амандман за финансиска поддршка и за вработените во приватниот сектор. Предлогот е тие коишто земаат плата од 18.000 до 21 .000 три месеци да добиваат по 3.000 финансиска помош, додека тие коишто земаат плата од 21.000 до 24.000, три месеци да добиваат по 2.000 денари. Се надевам дека сите пратенички групи ќе ги поддржат и двата амандмана, односно финансиска помош за вработените во јавниот и во приватниот сектор – ни изјави Никола Мицевски координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons