Поволни услови за кредит за лицата кои прв пат ќе купуваат стан
Поволни услови за кредитирање за лицата кои за прв пат ќе купат недвижен имот. Гувернерот најави нова мерка со која ќе им се помогне пред се на младите кои сакаат да создадат свој дом.
За висината на каматите се разговарало и со банкарската асоцијација а деталите како ќе се дефинираат условите најави дека ќе бидат познати за неколку недели.
За оваа мерка Гувернерот одржа работен состанок и со директорот на Катастар.