Пет македонски семејства евакуирани од пожарите во Грција
Пет македонски семејства досега побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата во Грција зафатени со пожари, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Оттаму велат дека, во координација со грчките власти, семејствата биле упатени кон најблиските безбедни точки предвидени за евакуација, каде што биле згрижени заедно со останатите туристи.
МНР повторно апелира до македонските државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефон на Министерството +389 75 268 736 или на електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk.
Помош може да се побара и преку дежурните телефони на Конзулатот на Северна Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001.
Од Министерството ги повикуваат македонските државјани во погодените региони внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат сите упатства и препораки на надлежните локални власти.



