МакедонијаНајновоПолитика

Петрушевски: Пеце Мирчевски ја користел СОЗР за личен профит, СДС го празнеле буџетот за тендери на блиски лица

Пеце Мирчевски ја користел СОЗР за личен профит, СДС го празнеле буџетот за тендери на блиски лица.

Наместо СОЗР да се користи во корист и служба на граѓаните, била користена за богатење на Пеце Мирчевски.

Во периодот од 09.06.2021 година до 13.06.2024 година, Пеце Мирчевски од СДС, свесно и со умисла, извршил службени дејствија кои што не смеел да ги изврши и потпишал пет договори за јавни набавки со фирма од Скопје, во сопственост на нему блиско лице, a притоа не го пријавил постоењето на судир на интереси, не се изземал од истите постапки за јавни набавки и во текот на целиот тој период, а и по престанувањето на функцијата директор, остварувал директна материјална корист за себе и за свое блиско лице од правниот субјект во сопственост и управуван од страна на сопственикот на фирмата.

Пеце Мирчевски на овој начин на постапување сторил кривично дело примање поткуп по член 357 став 1 и став 3 од Кривичниот Законик.

Пеце Мирчевски е фатен со двете раце во криминал. На виделина излегуваат сите злоупотреби на СДС и нивните функционери изминативе 7 години. Одговорност има.


Линк од видео материјал 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons