Петрушевски: Партнерите на Дака – СДС, Филипче и Заев молчат за поткупот вреден 4 милиони евра за ДУП-от во Тетово
Партнерите на Дака – СДС, Филипче и Заев молчат за поткупот вреден 4 милиони евра за ДУП-от во Тетово.
Нема одговори од СДС, Филипче и Заев за тоа каде завршиле 4 милиони евра кои Дака според аудио снимките од неговиот разговор со Кичеец, му ги дал на Заев за градење на 2.000 станбени единици во Тетово.
Дополнително, се поставува прашањето дали Заев освен овие 4 милиони евра, требал да добие и процент од продажбата на становите, чија вредност би достигнала во тоа време околу 200 милиони евра?
Дали Заев бил спремен заради сопствени бизнис интереси, да му овозможи на прорускиот бизнисмен и човек на црната листа на САД Дака да гради во Тетово? Дали освен финансиските побуди на Заев, ја ширел и проруската политика, како што беше случајот со Онишченко и Марковски? Зошто СДС и Филипче молчеле и биле соучесници во процесот на ширење на проруска политика во Македонија?
По се изгледа, единствениот одговор се парите. За пари во џеб, СДС, Заев и Филипче се спремни да шират антидржавна политика и да и штетат на Македонија во процесот на евроинтеграциите.
СДС, Филипче и Заев, освен пари ништо друго не ги интересира.
Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



