Петрушевски: Контрашот Филипче доживува дебакл, ставот да се биде против може да даде само еден резултат – тонење и исчезнување на СДС
Венко Филипче и СДС чија политика се темели на тоа да се биде контра на ставовите на власта колку да кажат дека имаат различен став, деновиве доживува дополнителен дебакл.
Наместо консолидација во редовите на опозицијата што е здрава поставеност на политичката сцена, јавноста од викендов сведочи на дополнителни поделби. Јавноста сведочи на распад во живо.
Наместо заеднички опозициски фронт, се множат фракции, суети и меѓусебни пресметки проткаени со низа на навреди.
Во и онака слабиот СДС кој е пред распаѓање, јасна политичка алтернатива се помалку е на повидок, а контрашот Филипче треба да разбере дека ставот да се биде само против е погубен.
Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, сега од позиција на власт, секако дека ги анализира сите политички појави и движења.
Нашиот став е многу јасен, прво, ВМРО-ДПМНЕ смета дека тоа е нивна внатрешна работа и не ни помислува да се меша и второ, ако се прашува некој дали ни одговара или не, секако дека ни одговара, но тоа не е здраво за демократските процеси во државата.
ВМРО-ДПМНЕ јасно порачува, народот не треба да се потценува, секој еден граѓанин знае зошто се определил за нас, а дал црвено светло за СДС. Филипче ако сака да ја консолидира СДС треба да знае дека ставот да се биде исклучиво против може да даде само еден резултат, а тоа е тонење и исчезнување на СДС. Затоа за добро на граѓаните и државата потребна е побрза консолидација.
Линк од видео материјал:https://www.youtube.com/watch?v=pLDhXXTCuag
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



