Петрушевски: Колку може СДС да тоне, пред да се извини за Груби?
Колку може СДС да тоне, пред да се извини за Груби?
Очигледно е дека СДС одбраа да тонат заедно со Артан Груби, наместо да се извинат за тоа што овозможија тој да ја ограби Македонија.
СДС 7 години го толерираше Груби и овозможи со тоа тој да направи систем за грабеж на државата.
Артан Груби се најде и на црната листа на САД, каде имаат информации за криминал на Груби, а Оливер Спасовски кој беше МВР во Македонија немаше информации.
Повеќе од јасно е дека СДС му го чуваше грбот на Груби, кој им беше гарант дека владата нема да падне.
СДС и сега со Филипче го чува Груби, иако е не јасно кои се мотивите. Врската на СДС со Груби уште е цврста и тие немаат намера да се откажат од него.
Линк од видео материјал
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ