Пандев: Се гледа дека на Панчев му е мака што игравме на ЕП и бараж за СП 

Дарко Панчев во изјава за германските медиуми го „чепна“ најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, истакнувајќи дека со струмичанецот, Македонија губела и од Андора.

Запрашан за коментар, Пандев за „Фокус“, само кратко порача:

„Нема што да кажам. Се гледа дека на човекот му е многу мака што Македонија играше на Европското првенство и бараж за СП““, кратко ни изјави Пандев.

Тој уште еднаш го пофали пристапот на нашите репрезентативци во изминатите два натпревари.

„Дечките изгинаа 180 минути и секоја чест за нив. Заслужија да одат на СП, но тоа ќе биде во следните години. Јас пред три години кажав дека оваа репрезентација е најдобрата во историјата на македонскиот фудбал“, додаде струмичанецот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons