Спорт

Охрид без проблем го победи Драгунас и дојде на чекор до осминафинале во Европскиот куп

Ракометарите на Охрид со убедливи 30-19 го победија литванскиот Драгунас во првиот меч од ЕХФ Европскиот куп кој се одигра во салата „Билјанини извори“.

Со договор меѓу двата клуба, двата меча се играат во Охрид. На Литванците им е јасна разликата во квалитет и знаејќи дека немаат никакви шанси во овој двомеч, прифатија ваква опција со цел да се намалат трошоците.

Денеска Охрид имаше апсолутна доминација во текот на целиот меч и на крајот славеше со убедливи 30-19.

Најефикасни во редовите на Охрид беа Доминик Мате и Никола Зечевиќ, кои постигнаа по седум голови, додека Паулис беше најдобар стрелец кај литванскиот тим со пет погодоци.

Реваншот е утре од 18 часот. Охрид го брани трофејот во ова натпреварување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons