Актуелно

Ослободени се 24 заложници на Хамас и 39 палестински жени и деца 

Израел денес ослободи 39 палестински затвореници – 24 жени и 15 тинејџери во замена за 24 заложници кои Хамас ги ослободи од Појасот Газа, соопшти палестинскиот комесар за затвореници Кадура Фарес.

„Затворениците, сите од окупираните Западен брег и Ерусалим, му се предадени на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во израелскиот воен затвор Офер“, кажа Фарес.

Тоа се случило во исто време со планираното предавање на 24 заложници на Хамас.

„Откако Црвениот крст ги прими (палестинските) затвореници, тие беа пречекани од нивните семејства“, кажа Фарес за Ројтерс.

Ова е првата група од најмалку 150 затвореници кои ќе бидат пуштени на слобода во следните денови, во рамки на договорот со Хамас за ослободување на најмалку 5 заложници во Газа и четиридневен прекин на огнот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons